Курдите во Сирија првпат добија државјанство и право на свој јазик
Претседателот на Сирија, Ахмед ел-Шара, издаде декрет кој им доделува права на сириските Курди – формално го признава нивниот јазик и им го враќа државјанството, соопшти државната новинска агенција SANA.
Првпат курдскиот индентитет е признат како дел од сириското општество а курдскиот јазик е прогласен за национален јазик заедно со арапскиот.
Признавањето на Курдите уследи по минатонеделните жестоки судири помеѓу владините сили и курдските Сириските демократски сили (СДФ) во Алепо, при што загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 150.000 луѓе го напуштија градот.
Сириската Влада и СДФ, кои го контролираат североисточниот дел на земјата, минатата година повеќе месеци преговараа за интеграција на курдските воени и цивилни тела во сириските државни институции до крајот на 2025 година, но постигна мал напредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…
Австрија нуди до 3000 евра за доброволно…
Австриската влада најави нов пакет мерки со…