Оливер Спасовски одржа предавање во австриското сојузно МВР
Со задоволство ја прифатив поканата од австрискиот колега Герхард Карнер, да одржам предавање во австриското Сојузно МВР на тема „Миграциски токови и значењето на потпишаниот договор со ФРОНТЕКС за безбедноста на европските граници”, а со цел да се споделат најновите информации со кои располага МВР, а се однесуваат на современите миграциски текови, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук.
– Пред австриските колеги ги истакнав јасно идентификуваните цели, средства и инструменти во стратешките планови на МВР на РСМ, за зајакнување на соработката со земјите во регионот и со Европската унија во целина, но и за развивање на механизмите предвидени во неодамна потпишаниот договор со ФРОНТЕКС, кој го потпишав заедно со Еврокомесарката за внатрешни работи, г-ѓа Илва Јохансон, на 26 октомври оваа година, во Скопје.
Меѓу главните приоритети на МВР во делот на миграцијата ги потенцирав продлабочувањето и одржувањето на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и со земјите на потекло, со агенциите на ЕУ и други релевантни меѓународни организации, како и преку активно учество во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси.
Ги информирав австриските колеги дека во првите десет месеци од годината бележиме двојно повеќе обиди и двојно повеќе кривични дела поврзани со криумчарење мигранти во однос на истиот период лани.
Имено, заклучно со 31 октомври оваа година, забележани се 83 случаи на криумчарење мигранти, што е двојно повеќе отколку во истиот период во 2021 година, кога се забележани 44 случаи. Во истиот период регистрирани се 72 кривични дела, а против 97 лица (од кои 29 странски државјани) преземени се мерки на кривичен прогон, а во однос на илегално преминување на државната граница, до 31 октомври 2022 година забележани се приближно 17000 обиди за илегален влез во нашата држава, што е речиси ист број како и за истиот период претходната година.
И во оваа прилика ја истакнав нашата подготвеност да ги ставиме сите наши капацитети за размена на искуства, за креирање на планови и стратегии за борба против прекуграничниот транснационален организиран криминал, свесни за придобивките кои може да ги оствариме и ние како држава, но и сите земји членки на Европската унија, истакна Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Австрија ги суспендираше сите тековни барања за…
Еден ден по падот на режимот во…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…