Омикрон ја мобилизираше Германија – Сојузните држави на состанок
Германскиот канцелар Олаф Шолц и премиерите на 16те сојузни држави денеска ќе разговараат за здравствената политика во земјата, со оглед на брзото ширење на Ковид-19, а особено, на повеќе преносливиот сој – омикрон.
Се очекува лидерите да ги продолжат досегашните мерки. Засега нема индикации за наметнување построги правила или олабавување на сегашните мерки. Сепак, на низа прашања допрва треба да се даде одговор, пренесува ДПА.
Меѓудругото, од лидерите се очекува да размислат дали да го намалат времето по инфекцијата, кога се смета дека луѓето „оздравиле“ и дека со тоа се текнале со имунитет. Според научниците, овој период треба да се скрати на 90 дена наместо шест месеци.
Поединци бараат вакцинацијата да биде задолжителна, чекор што Австрија веќе го направи. Сепак, научниците се поделени по ова прашање.
Состанокот доаѓа во време кога научници предвидуваат дека ќе има стотици илјади нови инфекции секој ден во средината на февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…