„Оне Македонија“ доби лиценца за трет мобилен оператор во државата
„Оне Македонија“ вчера ја доби лиценцата за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации, со што официјално станува трет мобилен оператор. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена. Според регулативата, како што кажаа од компанијата, тие имаат обврска да започнат со работа во последниот квартал од 2027 година. Со добивањето на лиценцата, почнуваат голем процес на техничка и друга подготовка и ветуваат едно ново ниво на квалитет.
Директорот на АЕК, Јетон Акику, по врачувањето на одобренијата за трите фреквенции, рече дека ова е еден од најважните денови за пазарот на електронски комуникации.
Игор Бојаџиев, советник во АЕК, истакна дека влезот на третиот мобилен оператор е добивка за сите – за „Оне Македонија“, за државата што веќе од еднократниот надоместокот за фреквенции зеде над 8 милиони евра, како и за граѓаните и за бизнисот. Тој рече дека со новиот оператор ќе се воспостави 5Г стандалон мрежа со многу поволности, со што ќе бидеме на самиот врз во Европа и единствени на Западен Балкан.
Пал Заранди, претседател на одборот на директори на „Оне Македонија“, најави дека во иднина ќе имаат нивна автономна мрежа и нема да зависат од другите за што ќе ангажираат експерти.
– За да бидеме целосно независни, тоа бара време и затоа прво ќе ја користиме мрежата на нашите конкуренти за т.н. национален роаминг. Првично ќе ја лансираме мрежата во Скопје, а потоа и на територијата на цела Македонија – рече Заранди најавувајќи дека ќе имаат договор со „Ериксон“ и ќе се придржуваат до законите на државата за користење безбедна мрежа.
Тој истакна дека е посебен предизвик што во земјава ќе направат сосема нова комуникациска компанија.
Претставниците на АЕК потенцираа дека со влезот на третиот мобилен оператор ќе се обезбеди конкуренција, нешто што редовно ни се забележува во извештаите на Европската комисија.
Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога унгарската Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година официјално достави писмо за намери до АЕК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Оне Македонија“ доби лиценца за трет мобилен…
„Оне Македонија“ вчера ја доби лиценцата за…
Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…
На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско,…
Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…
На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…
Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…
На Инфективната клиника во Скопје почина 75…
Два авиони со млади луѓе еднаш неделно…
Станавме главен и одговорен дистрибутер на човечки…