ОН: Во Србија 800.000 луѓе живеат во апсолутна сиромаштија
Агенциите при ОН подготвија проекција за сиромаштијата во Србија за 2023 година, а податоците покажаа дека 12,1 отсто од српските граѓани или 800.000 се во апсолутна сиромаштија.
Корона вирусот, инфлацијата и војната во Украина се клучните фактори кои придонесоа за растот на сиромаштијата во последните неколку години, пренесува N1.
Психологот и истражувач Сара Брадаш од Центарот за демократија наведува дека од 800.000 граѓани кои се во апсолутна сиромаштија и кои не можат да ги задоволат ниту основните животни потреби, само 2,5 отсто од тој број добиваат парична социјална помош.
„Само секој петти кој е во апсолутна сиромаштија добива парична социјална помош, што е многу низок опфат. Исто така, сумата на помошта е мала – пресметав дека границата на апсолутна сиромаштија за поединец во 2023 година била 17.000 динари, а паричната помош била помала од 11.500 динари. Дури и малиот број што добиваат пари, немаат доволно да ги задоволат основните потреби“, додава истражувачот за N1.
Брадаш вели дека инфлацијата кај нас била многу висока, дури и кога ја немало во другите земји од Европската унија и дека влијаела на зголемувањето на апсолутната сиромаштија во Србија, чија стапка од 2020 година скокнала за 5,2 отсто, што покажува и агенцијата истражување во рамките на ОН.
Економската несигурност, покажува истражувањето на Ипсос, влијаела на намалувањето на куповната моќ кај 63 отсто од граѓаните, а главната причина за намалувањето е зголемувањето на цените. Исто така, покажуваат истражувањата, повеќе од една третина од Европејците редовно ја ограничуваат количината на храна што ја јадат, додека во Србија 85 отсто од жителите бараат производи со најниски цени, како и специјални понуди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…