Опозицијата го обвини Вучиќ: Испратил провокатори да упаднат во РТС?!
Група луѓе за време на денешниот протест во Белград се обиде да влезе во зградата на српската национална телевизија РТС. Од опозицијата обвинија дека власта испратила провокатори и им порачаа на граѓаните да не потпаѓаат на провокациите.
Пратеникот на Народна партија, Мирослав Алексиќ за српската телевизија Н1 изјави дека „обучена екипа“ која нема никаква врска со протестот се обидува да упадне во зградата на РТС.
Тоа се луѓето на Вучиќ, насилници, испратени да предизвикуваат нереди. Нема да паднеме на провокации, ова е мирeн и достоинствен протест. Го повикувам Вучиќ да ги разбере пораките од овој протест, овие луѓе кои дојдоа по своја волја и без притисок – рече Алексиќ.
Информираше дека пратениците заедно со редарите го чуваат влезот на националната телевизија и не дозволуваат никој да упадне во зградата.
Тој ги повика луѓето да се појават повторно и на следниот протест што е закажан за 2 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…