Објавено на:

Опра тажна, изреагира по критиките на видеото за донации по пожарот на Мауи, Хаваи

t

Пред неполн месец познатата водителка Опра сними видео со Двејн Џонсон (The Rock) по што се соочија со жестоки критики за видеото каде бараа обичните луѓе да донираат за настраданите од пожарот во Мауи, Хаваи – иако заедно тежат скоро 3 милијарди долари.

Во интервјуто за „CBS Mornings“ Опра, 69, се отвори на темата додека разговараше со нејзиниот најдобар пријател Гајл Кинг. „Многу бев возбудена за видеото кога го пуштивме, но кога се разбудив сабајлето и ја видов целата фама што се дигна не можев да верувам што се случува“. Тоа многу ме растажи и не можам да поверувам во каква состојба се наоѓа нашата земја, додаде Опра.

Опра кажа дека за видеото била инспирирана од Доли Партон која организирала хуманитарен фонд за жртвите од шумските пожари во Тенеси во 2017-та. Видеото наиде на остри критики од јавноста поради барањето за донации од обичниот човек кој живее од ден за ден, додека она има милијарди во банките, како што ја критикуваа Американците.

Опра поседува огромен луксузен имот на островот Мауи каде се случија пожарите. Нејзиниот имот не беше погоден од пожарот за разлика од посиромашните населби на островот, а се шпекулира и дека Опра имала приватна пожарникарна служба која не излегла во пресрет на жителите за време на пожарот, за што исто така беше предмет на критика од јавноста во Америка.

Видеото заедно со големиот број критики може да го погледнете на подолу следниот линк:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

16 пожари во Македонија, само 6 се…

До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ангелов подели признанија и плакети на дел…

Директорот на Центарот за управување со кризи…

Хуманитарна помош од Црвениот крст за настарадното…

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе…