СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожари
„Откако минатата година изгоре речиси 10% од територијата на државата во шумските пожари, ова лето Владата повторно ќе биде неспремна. Цела година ВМРО-ДПМНЕ не најде време да се подготви, да ги сервисира воздухопловите, па новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, ја информираше јавноста дека ништо не е подготвено за заштита и навремена реакција при пожар“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат „Минатото лето Мицкоски ја обвинуваше СДСМ дека наводно начекале катастрофална состојба, иако нему за едно лето му изгореа повеќе шуми отколку во последните две децении. Го прашуваме: дали и оваа година повторно ќе биде СДСМ виновен за пожарите и за неподготвеноста на институциите?“.
„Владата демонстрира голема неспособност да се справи со проблемите на секое поле. Откако се искараа во Владата за функции и се распадна коалицијата, на прагот на летото Мицкоски допрва прави реорганизација на клучните институции кои треба да обезбедат заштита, а нема обезбедено ништо од опрема и капацитети за да се бори со евентуалните нови пожари. Освен тендери за фантомски фирми и бизнис, очигледно ништо друго не го интересира ВМРО-ДПМНЕ“ е ставот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…