Определен притвор за едно лице учесник во сообраќајната несреќа на патот Скопје-Блаце: Се врши обдукција на телата извадени од Лепенец
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го продолжи увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Скопје-Блаце, соопштуваат од ЈОРМ.
По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот.
Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по синоќешната несреќа.
Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
ДУИ: Николоски креира лажни вести, нема основно…
Демократската унија за интеграција со згрозеност ја…