Определен притвор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

t

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. 

Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

Од Кривичниот суд потврдија дека е прифатен предлогот и е определена мерка притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа од 30 дена поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжен притворот за ќерката која со чекан…

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…

Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…