Определен 30 дневен притвор за двајца осомничени за убиството на ракометарот Тот, по едно лице се трага

t

На 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои се осомничени за убиство на хрватскиот ракометар ДенисТот им е определен 30 дневен притвор, поради опасност од бегство и влијание и попречување на истрагата. По 28-годишниот А. Ѓ., кој е првоосомничен за смртното претепување на ракометарот полицијата се уште трага.

Додека МВР го бара првоосомничениот, министерството за здравство ќе утврдува евентуални пропусти при приемот и третманот на младиот ракометар, особено по првичната информација од Карил, дека по приемот на Тот на Клиниката, кај него немало видливи траги на насилство.

„ Две екипи од државниот здравствен ои санитарен инспекторат спроведуваат вонреден инспекциски надзор во Итната помош, Ургентниот центар и КАРИЛ … Тие го проверуваат текот на постапката за прифќање и третманот на сега починатиот ракоментар Денис ТОТ. Надзор веќе од утре ќе сеспроведе и во Судска медицина.. “

Со соопштение за оваа трагедија се огласија од КАРИЛ. Од Клиниката ги осудија сите шпекулации во јавноста поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на ракометарот и велат дека Тот бил примен утрото на 7ми април во Ургентниот центар без срцева акција, но и без видливи повреди. Дежурните лекари по получасовните обиди за реанимација воспоставиле срцева акција и направиле компјутерска томографија на целото тело.

„ Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.“

За оваа трагедија првичните информации пред два дена од хрватските медиуми беа дека Тот бил претепан пред дискотеката „Привилиџ“ во градскиот парк, а потоа и однесен во болница. Кратко потоа од КАРИЛ кажаа дека кај ракометарот немало знаци на насилство, што беше наведено и во официјалното сооштение на МВР. Но, по извршената обдукција, Јавното обвинителство вчера соопшти дека тројцата осомничениго удирале Тот со боксови и клоци по што паднал на асфалтот и удрил со задниот дел од главата и загубил свест.Тројцата, иако тој бил во бессознание продлжиле да го удираат, а потоа без да му помогнат побегнале.

Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, Тот имал престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура, соопштија од обвинителството.

Извор: Канал5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…

Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…

Скопјaнка го прободела бившиот партнер со ножици,…

Жена осомничена за обид за убиство на…