Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

t

Во текот на денов се случи еден протест каде беа навредувани службите, вработените и Градоначалникот на Општината. Протестот беше политички организиран и не ја изразува волјата на мнозинството граѓани.
Општина Карпош продолжува да се развива. Ова е наша последна инвестиција која успеавме да ја донесеме која носи со себе вработувања, развој и комуналии кои ќе значат проекти за граѓаните на Карпош.


Општина Карпош во изминатиот период интензивно работеа на создавање на услови за нови инвестиции. Градоначалникот Јакимовски и општинската администрација овозможија да се оствари капитална инвестиција во станбена изградба во вредност од 50 милиони евра. Оваа инвестиција ќе ја зголеми понудата на станови во општината, ќе влијае на стабилизација на цената, и во исто време ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места. Во оваа седумнаесеткатница која ќе се гради во Карпош 3, ќе работат голем број на армирачи, тесари, ѕидари, лимари, бравари, плочкари, електричари, столари, фасадери, електроничари, а во деловните простори и во фирмите што ќе бидат таму сместени ќе работат преку 300 инженери економисти, трговци итн. Ваквите инвестиции влијаат на порастот на животниот стандард, обезбедуваат полна вработеност и влијаат на развојот на општината во целина. Општина Карпош како и секоја локална самоуправа во светот ќе продолжи да создава услови за нови инвестиции, а со тоа и за отворање на нови работни места.
Политиката на блокада нема да не поколеба да продолжиме да се бориме со деструктивните струи и да носиме инвестиции.
Општина Карпош беше лидер и ќе ја вратиме да биде “Општина лидер” по инвестици во Скопје, Македонија па и регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…

Поради дефект денеска без вода ќе останат…

Старица ограбена во Карпош

На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Ограбена аптека во Карпош

На 20.03.2024 околу 21.05 часот во СВР…

Советот на Општина Карпош ја усвои завршната…

Во рамки на 45. седница, членовите на…