Општина Карпош подели хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства
По повод 47-от роденден на општина Карпош, а во организација на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, традиционално по 31-ви пат се доделуваат хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства.
– За оваа хумана акција да биде успешна, како и секоја претходна, се погрижија децата од градинките и училиштата, граѓаните и администрацијата од Општина Карпош, кои се потрудија да донираат прехранбени и хигиенски производи. На доделувањето пакети, присуствуваше градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој ги поздрави присутните, информираа од општината.
– Ова е хуманитарна акција која Општина Карпош традиционално ја реализира за време на роденденските денови. Така и оваа година во која се собраа 115 пакети со храна и средства за хигиена, за најранливата група сограѓани. Се надевам дека секоја година бројот на ваквите семејства ќе се намалува и дека со овие луѓе ќе се дружиме на сосема поинаков начин, рече Јакимовски.
Хуманитарните пакети се поделија во урбаните заедници Карпош 2 и Влае, а дел од пакетите ќе бидат однесени во домовите на лицата кои поради попреченост, не беа во можност сами да ги подогнат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брнабиќ за извозот на оружје во Израел:…
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ…
Секогаш со власта… ДОМ ја напушта коалицијата…
Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на…
(Видео) Пелагонија пет месеци без испитен центар…
Целиот Пелагониски регион пет месеци бил оставен…
Трајковски: Повеќе ништо не може да се…
За просечен жител на Македонија, кој живее…
ВМРО-вците од Вевчани во шок: Во Здравствениот…
ШОК во ЈЗУ Здравствен Дом "Д-р Светозар…