Општина Карпош ќе воведува зонско паркирање
Општина Карпош ќе воведува зонско паркирање, најавија локалните власти откако вчера на седница на Советот била започната процедурата.
„На седница на Советот на општина Карпош беше усвоена Предлог- одлуката за регулирање на наплата на комунална такса по основ организирање на зонско паркирање на дел од јавните паркиралишта на подрачје на општина Карпош. Ова значи почеток на процедурата за решавање на проблемот со паркирањето на територија на општината и воведување на зонско паркирање”, велат од Општината.
На седницата присуствувал и директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Бојан Христовски кој дал детални информации за планот и за организирање на паркирањето, а ги информирал советниците околу придобивките, условите и привилегиите.
За жителите паркирањето ќе биде бесплатно.
„Христовски информираше околу придобивките, условите и привилегиите т.е. бесплатно паркирање на жителите на општината кои се наш приоритет. Во иднина, истакна Христовски, претпријатието изразува подготвеност за уредување паркиралишта во останатиот дел од општината, по претходно барање од страна на жителите на општината”, велат од Општина Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…
„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…
Поради дефект денеска без вода ќе останат…
Старица ограбена во Карпош
На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…
СРАМОТА! Хаос со паркирање на Клинички, брза…
Хаосот со паркирање на Клиничкиот центар „Мајка…
Украден сеф од објект во Карпош!
Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…