Општина Конче за четири години потрошила речиси ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ЕВРА, добар дел по кафани и угостителски објекти
Општина Конче за четири години потрошила речиси четири МИЛИОНИ ЕВРА, од кои добар дел за репрезентација, угостителски објекти и слично.
Општинската организација на СДСМ во Конче објави документи каде се гледаат огромни суми кои градоначалникот и Општината ги трошеле за репрезентации и други намени.





– Дали и како се трошеа околу 4 милиони евра народни пари во општина Конче?
На 2 ноември, граѓаните на општина Конче ќе одлучуваат кому ќе ја довериме општината во наредниот период — дали тоа ќе биде одговорен, чесен и совесен човек, вистински татко и чувар на народните пари, или некој кој ги трошел без грижа и отчетност.
Во наредните денови, СДСМ Конче ќе ја информира јавноста најтранспарентно и најодговорно за тоа како се трошеле околу 4 милиони евра народни пари во изминативе четири години.
Ќе објавиме по области, за секој граѓанин да може сам да процени дали тие средства биле трошени во негова корист?
Денес почнуваме со еден пример:
Во периодот ноември 2021 – октомври 2025, за репрезентација, односно трошоци за ресторани,хотели итн. биле направени сметки во вкупна вредност од над 1.800.000 денари.
Дали тие сметки можеле да ги одобрат и потпишат само двајца луѓе –
Градоначалникот Златко Ристов и секретарот Ацо Митев – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Конче за четири години потрошила речиси…
Општина Конче за четири години потрошила речиси…
МВР потврди: Советник од Кочне се заканувал…
Од Министерството за внатрешни работи денеска го…
ОО СДСМ Конче со реакција по веста…
Општинската организација СДСМ Конче, излезе со реакција…
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче нападнал повозрасен…
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче вчера повторно…
СДСМ Конче прашува каде исчезнаа 4,5 милиони…
Каде исчезнаа 4,5 милиони денари прашуваат од…