МВР потврди: Советник од Кочне се заканувал и навредувал сограѓанин

t

Од Министерството за внатрешни работи денеска го потврдија настанот за кој Инфомакс претходно пишуваше.

– Во врска со Вашите прашања Ве известуваме дека на 11.10.2025 во 15:30 часот во Полициската станица Радовиш А.Ч.(54) од село Конче, општина Конче пријави дека истиот ден во 12:30 часот во село Конче од страна на И.Б. од село Конче му била загрозена сигурноста. Според пријавеното И.Б. го омаловажувал, навредувал и му се заканувал.
Од страна на ОВР Радовиш се преземени мерки за расчистување на случајот, И.Б. е повикан во Полициската станица Радовиш и со него е извршен службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за Инфомакс.

Инфомакс претходно објави дека од страна на советникот Ирфан Баро нападнат бил повозрасен граѓанин, информираат од семејството на нападнатиот. Тие за Инфомакс велат дека советникот се појавил и почнал да го навредува нападнатиот, по што покрај вербалните напади имало и обид за физички напад.

Како што велат од семејството на нападнатиот, случајот е пријавен во МВР, ПС Радовиш и додадоа дека се вознемирени затоа што нападот се случил без никаква причина, а се работи за возрасен човек кој исто така е вознемирен и од навредите и од одбидот за физичка пресметка.

Инфомакс вчера побара потврда за настанот од СВР Струмица, меѓутоа одговор се уште нема.

Инаку, советникот е веќе осудуван за телесна повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…