Општина Куманово се огради од навредливото скандирање на натпреварот Македонија – Романија

t

На спортските терени нема и не смее да има место за ширење на национализам и меѓуетничка нетрпеливост, стои во реакцијата на Општина Куманово, по инцидентот со навредливото скандирање на натпреварот Македонија и Романија, кој во саботата се одржа во спортската сала Куманово.

„Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот. Куманово било и ќе биде град на сите негови жители без разлика на нивната етничка припадност, а спортот и културата ќе ги користи да ги обединуваат граѓаните како и до сега“, стои во реакцијата од Kабинетот на градоначалникот.

Оттаму додаваат дека натпреварот поминал во позитивна атмосфера – убава и одамна незабележана слика во македонскиот спорт.

„За жал, ден подоцна воочивме дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката има скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности“.

Инцидентот се случи по пуштањето во употреба на реконструираната спортска сала на натпреварот на кошаркарските репрезентации на Македонија и Романија. Недоличното скандирање го осудија и МКФ, политички партии, граѓани. Обвинителството отвори постапка за да истражи дали имало говор на омраза.

Организатор на настанот беше Македонска Кошаркарска Федерација а домаќин Општина Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Куманово се огради од навредливото скандирање…

На спортските терени нема и не смее…

ВИДЕО: Голема полициска акција предизвика колони на…

Голема полициска акција и апсење на наплатна…

Пукна резил во Куманово: Членовите на ВМРО…

Ауууууууууууу Гаси Светло !!! Од Инбокс: ЈАВНА…

Кумановец агресивно се однесувал и им се…

Насилен жител на Куманово е уапсен вчеравечер,…

Пламнаа пожари и околу Куманово – во…

Попладневно избувнаа неколку пожари на различни локации…