Пукна резил во Куманово: Членовите на ВМРО со петиција против кандидатурата на Максо
Ауууууууууууу Гаси Светло !!!
Од Инбокс:
ЈАВНА ПЕТИЦИЈА
Против кандидатурата на Максим Димитриевски во име на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово
Ние, долупотпишаните членови, симпатизери и граѓани на Општина Куманово, јавно се спротивставуваме на евентуалната одлука за поддршка или заедничка кандидатура на Максим Димитриевски од страна на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во 2025 година.
Причини за нашата одлука:
Во текот на изминатите 4 години, Максим Димитриевски, како градоначалник и „независен“ партнер на ВМРО, не испорача никакви конкретни резултати во интерес на граѓаните на Куманово.
Градот останува запуштен, со нефункционални објекти, празни ветувања и симболична инфраструктура.
Социјалната правда, урбаното уредување и локалниот економски развој не поместија ни милиметар.
Ниту еден значаен проект во коалициска соработка не беше реализиран.
Напротив – имаше блокади, популизам и злоупотреба на институциите за личен пи-ар.
Денес, само неколку поединци – т.н. “преговарачки тим” на ВМРО со ЗНАМ – директно профитираат од овој договор, уживајќи привилегии и бенефиции.
Тоа не е партија. Тоа е приватен договор на 3-4 политички “пудлици” што не го претставуваат мнозинството од нас.
Членството на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово е сведено на заложници на туѓа агенда.
Ние не сме декор во личните аранжмани на “локалните цареви”.
Нашите барања:
ВМРО-ДПМНЕ да настапи со свој кандидат за Куманово, со поддршка од членството и во интерес на граѓаните.
Да престане пазарењето зад грбот на активистите кои со години го носат теретот на партиската борба.
Да се врати гласот на базата, а не само на “стратешките” преговарачи.
Куманово не е ничија сопственост.
Не прифаќаме да бидеме политичка валута во размена за функции!
Петицијата е отворена за сите членови, активисти и граѓани кои веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да има достоинствен, чесен и свој пат во Куманово.
Потпиши. Сподели. Застапувај. , стои во објавата на фејсбук страницата Кумановска Горила
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пензионерска“ тепачка во Куманово – едниот во…
Во несекојдневна тепачка меѓу двајца „ветерани“, на…
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…