Општина Охрид со Пецаков е една од најнетранспарентните општини во Македонија

t

Општина Охрид со градоначалникот Пецаков е една од најнетранспарентните општини, велат од локалниот огранок на Левица во Охрид.

-Во неколку наврати се побарани информации од јавен карактер до општина Охрид и секогаш информациите стигаат задоцнето нецелосно или општината одбива да даде информација со различни причини.

Во разговор со правниците на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер, каде воедно се водат неколку жалби кон општината, ни беше посочено дека општина Охрид е една од најнетранспаретните општини во Македонија!

Недостатокот на транспарентност е сигнал на КОРУПЦИЈА и незаконско работење во општината, како и засилена партизација на институциите во Охрид, за што постојано алармира Локалниот огранок на Левица.

Оттука, јавно го прашуваме градоначалникот Кирил Пецаков зошто Општината се обидува да ги скрие информаците кои МОРА да се достапни за секој граѓанин на Охрид? – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…