Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на имот

t

Зголемувањето на даноците на имот од страна на Општина Тетово предизвика револт кај граѓаните. Бараат објаснување од Општината зошто до лани даноците се плаќаа како и обично, додека од оваа година сметката за данок на имот е два до три пати повисока.

„Дојдов да платам данок за оваа година, но од минатата година е повеќе од двојно. Причината не ја знам зошто се дуплирани или тројно се зголемемени и што ни нудат да знаеме. Тие треба да бидат транспарентни, што ни се нуди повеќе во споредба со минатата година“, рече еден жител.
„Но, многу високата цена ни дојде годинава. Имаме 210 сега имаме 530 за стан“, додаде друг.

Од секторот за финансии во Општина Тетово демантираат дека има зголемување на плаќањето на данокот на имот. Според него, имотот е ревалоризиран според пазарната цена. Така, ако квадратен метар за станбена куќа до лани беше во вредност од 40 евра, сега таа цена за проценка е зголемена на 300 или 350 во зависност од површината каде што се наоѓа и квалитетот на градбата.

„… Наидовме на стан кој беше проценет на 200 евра за квадрат, а сега знаеме дека пазарните цени се над 1000 евра, а ние како општина направивме просечна ревалоризација во зависност од површината каде што се наоѓа станот“, рече Нуриман Дехари, Раководител на Секторот за финансии, Општина Тетово.

За сите граѓани кои имаат сомнежи за проценката на квадратот, или имотот во целина, општината формира комисија која на барање на граѓанинот и во негово присуство оди и врши мерења и евалуација на предметот за кој станува збор.

Во последните две години, Општина Тетово го зголеми плаќањето на данокот на имот и до 300 проценти

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…

Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…

Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…

АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…

Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…