Општина Тетово прогласи ден на жалост поради смртта на печајот Шпат Касапи
Општина Тетово информираше дека на вонредна седница преку видео конференциска врска е донесена одлука на Советот, понеделник, 1 декември 2025 година, да биде ден на жалост, поради смртта на пејачот Шпат Касапи. Денот на жалост е прогласен на територијата на Општина Тетово.
-Шпат Касапи даде значаен придонес во развојот на културата и музиката во општина Тетово, во Република Македонија и на албанската музичка сцена. Во денот на жалост се препорачува на јавните установи, правните лица и граѓаните да се воздржат од организирање на свечености, забавни и музички настани, се вели во одлуката на Советот на Општина Тетово.
Пејачот Шпат Касапи почина на 26 ноември на 40 годишна возраст. Беше погребан во недела 30 ноември на гробиштата на Исламската верска заедница во Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен тетовец баран од Интерпол
Полицијата во Тетово вчера уапси 49-годишен тетовец…
Ужас во Тетово: Се скарале за сообраќај…
20-годишен насилник од тетовското село Пирок ќе…
(Видео) Албанци со коњи и знамиња го…
Албанци на коњи и со албански знамиња…
Обвинителството ја истражува смртта на тетовецот кој…
Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата…
Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено…
Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16…