Општина Тетово прогласи ден на жалост поради смртта на печајот Шпат Касапи
Општина Тетово информираше дека на вонредна седница преку видео конференциска врска е донесена одлука на Советот, понеделник, 1 декември 2025 година, да биде ден на жалост, поради смртта на пејачот Шпат Касапи. Денот на жалост е прогласен на територијата на Општина Тетово.
-Шпат Касапи даде значаен придонес во развојот на културата и музиката во општина Тетово, во Република Македонија и на албанската музичка сцена. Во денот на жалост се препорачува на јавните установи, правните лица и граѓаните да се воздржат од организирање на свечености, забавни и музички настани, се вели во одлуката на Советот на Општина Тетово.
Пејачот Шпат Касапи почина на 26 ноември на 40 годишна возраст. Беше погребан во недела 30 ноември на гробиштата на Исламската верска заедница во Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…