Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските објекти
Спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување.
Ова се клучните наоди од истражувањето „Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип“, што денеска го објави Здружение на граѓани ЗИП Институт за политики и добро владеење Скопје.
– Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт без претходно објавување јавни повици со прецизно утврдени услови, критериуми и цени. Наместо тоа, објектите се доделуваат на користење врз основа на добиени барања од спортски клубови, здруженија на граѓани и други заинтересирани лица. Ова остава простор за волунтаристичко постапување и за неправилно и несоодветно користење на објектите за спорт, соопштија денеска од Здружението на граѓани ЗИП Институт за политики и добро владеење Скопје.
Во извештајот се укажува дека Општините не располагаат со една третина од објектите за спорт бидејќи тие им се дадени на трајно користење, но со претходно склучени долгорочни договори со приватни фирми од страна на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија.
Објектите за спорт во локалните средини, покажало истражувањето дека недоволно се користат за спортски активности.
Од 42-та објекти за спорт со кои располагаат 8-те општини, само десет се доделени на користење на правни и физички лица. Училиштата во овие општини, пак, се посочува, имаат 124 објекти за спорт, од кои за користење се издаваат само 46.
– Ова говори за слабости во менаџирањето и оневозможување објектите за спорт да се користат од што е можно поголем дел од локалното население и да генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Своите објекти за спорт општините главно ги доделуваат на користење на локалните спортски клубови без надоместок. За разлика од општините, сите училишта што ги издаваат своите спортски сали и објекти наплатуваат за таа услуга. Цените за користење на училишните спортски сали се движат од 200 до 1.300 денари од час, покажуваат резултатите од истражувањето.
Ова истражување е изработено заедно со Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mицкоски: Ветивме милијарда, но сега ни се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри зошто кога…
(Видео) Во сериозна неизвеност се доведени исплатата…
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска…
Две милијарди денари од државниот буџет ќе…
Владата на Република Македонија, на денешната седница…
Дојави за бомби во училишта во Белград
Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…
Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство…
Работилниците против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“…