Објавено на:

Орбан: Битката за нафтоводот „Дружба“ е егзистенцијално прашање за Унгарија

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска порача дека неговата земја мора да победи во борбата со Украина за повторно отворање на нафтоводот „Дружба“ нарекувајќи го тоа „егзистенцијално прашање“ за државата.

Орбан истакна дека унгарската стратегија е веќе во сила и изрази уверување дека ќе даде резултати уште пред претстојните избори.

– Никогаш нема да се согласиме под притисок на уцени. Тие попрво ќе останат без пари отколку што ние ќе останеме без нафта – изјави Орбан, додавајќи дека Киев отворил „западен конфликт“ против Унгарија наместо да се фокусира на војната со Русија.

Унгарскиот премиер се осврна и на енергетската безбедност, потсетувајќи дека Унгарија избегнала подлабока криза со гасот благодарение на изградбата на јужната заобиколна рута која не поминува низ Украина. Тој предупреди дека доколку Северен тек биде уништен, и јужните рути би можеле да станат цел. И покрај нафтната блокада, Орбан нагласи дека Унгарија нема да преземе одмазднички чекори што би им наштетиле на обичните Украинци, иако околу 40 отсто од електричната енергија во Украина пристигнува токму преку Словачка и Унгарија.

Во однос на долгорочната иднина, Орбан повтори дека влезот на Украина во Европската Унија би претставувал сериозен ризик за Унгарија. Според него, во тој случај „сите пари на Унгарија би отишле во Украина“, поради што Будимпешта поддржува стратешко партнерство, но не и полноправно членство во Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Битката за нафтоводот „Дружба“ е егзистенцијално…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска порача дека…

Светот пред нов нафтен шок? Експертите предупредуваат…

Глобалните пазари се на раб на нов…

(Фото) Патник фатен со куфер пари: На…

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при…

Санчез: Шпанија не е сама, го браниме…

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повторно го изрази…

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран…