Орбан: Влегуваме сè подлабоко во војната
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изрази сериозна загриженост за развојот на војната во Украина, велејќи дека конфликтот добива „загрижувачки нов пресврт“. По седницата на Советот за одбрана на Унгарија, Орбан порача дека, и покрај сите напори на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Европа се движи кон понатамошна ескалација на конфликтот.
Во видео порака објавена на социјалните мрежи доцна синоќа, Орбан истакна дека „бриселските бирократи не ги поддржуваат мировните иницијативи на Америка“, алудирајќи на плановите што ги застапува Трамп.
„Унгарија останува на позицијата дека е против продолжување на војната во Украина и го поддржува секој мировен напор“, рече Орбан, додавајќи дека, за разлика од тоа, Европската унија донела одлука Украина да продолжи со воените дејствија.
Премиерот предупреди дека Брисел ќе се обиде да изврши силен притисок врз Унгарија да се приклучи на, како што ја нарече, „про-воената европска коалиција“, но најави дека Будимпешта ќе се спротивстави на тоа.
„Советот за одбрана донесе неопходни одлуки во интерес на безбедноста на земјата. Ќе продолжиме да го браниме унгарскиот суверенитет и безбедноста на нашите семејства“, изјави Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…