Орбан за раководството на ЕУ: Неспособни се!
Сегашното раководство на Европската унија треба да биде сменето бидејќи не е способно да се справи со кризни ситуации, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој учествува на самитот на ЕУ во Брисел.
Како што рече, ситуацијата во Европа е исклучително тешка поради украинскиот конфликт и приливот на илегални мигранти, но се покажа дека лидерите на алијансата не се способни да предложат добри стратегии за решавање на тие прашања.
„Во мирно време, кога нема бранови и можеш да пловиш со чамец – тогаш се добри водачи, но сега кога бура татне, кога се кренаа огромни бранови и кога се појавуваат пиратски бродови, сега со такви лидери дефинитивно не можеме да се справиме со сите проблеми. „Во Брисел се неопходни промени“, изјави Орбан за радио „Кошут“.
Во таа насока, унгарскиот премиер изрази надеж дека изборите за Европскиот парламент следната година ќе помогнат да се најдат европски лидери кои ќе можат да ја координираат работата на владите на сите земји од ЕУ во оваа тешка ситуација.
Според Орбан, тоа ќе овозможи да се постигне „конкретна, јасно дефинирана цел“.
Европската комисија ги доведе во заблуда земјите од ЕУ
Орбан рече дека Европската комисија првично ги довела во заблуда земјите-членки на ЕУ бидејќи не навела колку навистина ќе биде зголемен европскиот буџет, кој, како што се испостави, не е 60, туку 100 милијарди евра.
„До доцна во ноќта се убедувавме. Тоа беше главната тема. Меѓутоа, кога се обративме до бирократите (раководството на ЕУ) да ни ги кажат бројките, се покажа дека тоа не е 60, туку 100 милијарди евра“, рече Орбан.
Според него, планот на Европската комисија е парите од зголемениот буџет на ЕУ да ги искористи за помош на Украина и дистрибуција на илегални мигранти низ земјите на ЕУ, како и за зголемување на платите на европските службеници, бидејќи „бирократот е бирократ насекаде“.
„Предлогот на Брисел за буџетот треба да се смета за незавршен и несоодветен за сериозни преговори. Го вративме тој предлог за ЕК да предложи посериозен, но тоа беше голема битка, особено во однос на Украина“, истакна Орбан.
Претходно унгарскиот премиер изјави дека Украина не може да победи на бојното поле и дека за тоа зборуваат воени експерти, само политичарите во Европа не се осмелуваат да го признаат тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…