Орбан направи чистка: Смени стотици унгарски офицери во еден ден

t

Додека остатокот од Европа расправа околу тоа какво ново тешко оружје ќе му испорача на Киев и колку да ги зголеми буџетите за одбрана, Будимпешта спроведува радикална реформа на армијата отпуштајќи стотици најискусни офицери во еден ден, пишува српскиот „Данас“.

– Што се крие зад чистките во офицерските редови и како тоа може да се доведе во врска со корупцијата во владата на Виктор Орбан, како и со идниот судир помеѓу НАТО и Унгарија околу членството на Украина во Алијансата – го пренесува „Данас“ прашањето на Гергели Нилас, новинар на независната унгарска публикација „Телекс“.

Дека „војската на е социјална служба“, го објаснил кон крајот на минатиот месец унгарскиот министер за одбрана Кристоф Салај Бобровнички мотивот за одлуката која овозможи смена на кој било тамошен офицер помлад од 45 години со воен стаж од 25 години и која во моментот ги смени судбините на околу 500 искусни офицери, меѓу кои и неколку генерали.

И додека некои тоа го објаснуваат со отежнатите услови за пензионирање, унгарската опозиција смета дека Орбан всушност расчистува простор за ангажирање офицери што ќе и бидат апсолутно лојани на владата.

Политички контекст во сето тоа, како што пренесува весникот, виде и сами офицери.

– Тоа е чистка. Меѓу сменетите има многу високи офицери чие главно искуство е стекнато во меѓународните проекти на НАТО, што секако влијаело врз нивниот светоглед – изјавил еден резигниран и неименуван претставник на војската.

Весникот пишува и за намерите на Орбан да го намали влијанието на НАТО во сопствените редови во пресрет на неговите калкулации за се поизвесниот судир со него околу прашањето на Украина, која според него, ги крши правата на унгарското малцинство во Транскарпатија.

– По се изгледа, и Унгарија, слично како што Турција сега постапува во однос на Шведска и Финска, ќе го блокира придружувањето на Украина кон НАТО се додека не бидат земени во предвид интересите на Орбан – се заклучува во весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…

Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…

Заменик претседателот на Владата и министер за…

Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…

Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…

Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…

Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…