Орбан од Пекинг оди во Вашингтон: Бара решение за конфликтот во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан заминува од Пекинг за Вашингтон како дел од неговата мировна турнеја чија цел е да се најде начин за решавање на конфликтот во Украина.
„Следна станица е Вашингтон“, напиша Орбан на социјалните мрежи, објавувајќи видео од влегувањето во авион кој заминува од Пекинг.
Програмата за посетата на Орбан на САД не е објавена.
По Киев и Москва, Орбан го посети и Пекинг во рамките на својата „мировна мисија“.
За време на посетата на Пекинг, унгарскиот премиер Виктор Орбан го информирал кинескиот претседател за неговите посети на Москва и Киев, јави кинеската централна телевизија. Кинескиот лидер од своја страна истакна дека Кина постојано ги промовира преговорите за украинскиот конфликт и ги поддржува сите напори за промовирање на мирно решавање на кризата.
„Главните позиции и насоки на напорите на Кина и Унгарија (за решавање на украинската криза) се совпаѓаат, Кина е подготвена да продолжи да ја одржува соработката со Унгарија и релевантните страни“, додаде Си Џинпинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…
Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…