Објавено на:

Орбан: Цврсто ќе ја бранам позицијата на Унгарија за Украина

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека на самитот во Копенхаген „цврсто ќе стои зад унгарската позиција“ за Украина, посочувајќи дека лидерите на ЕУ сакаат да финансираат испораки на оружје и да го забрзаат пристапувањето на Украина во Унијата.

„Копенхаген, втор ден. Ситуацијата е сериозна. На маса има отворени предлози за војна. Тие сакаат да ѝ ги предадат средствата од ЕУ на Украина. Тие се обидуваат да го забрзаат пристапувањето на Украина со секакви правни трикови. Тие сакаат да ја финансираат испораката на оружје“, рече унгарскиот премиер на социјалните мрежи и нагласи дека „цврсто“ ќе стои зад унгарската позиција, објави Ројтерс.

По вчерашниот неформален самит на лидерите на ЕУ со фокус на заедничката одбрана и поддршката за Украина, денес во Копенхаген ќе се одржи самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што ќе се дискутира за безбедноста, трговијата со луѓе и миграцијата, со учество на околу 40 шефови на држави или влади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Цврсто ќе ја бранам позицијата на…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека…

Македонските граѓаните сè почесто избираат сметките да…

Сè повеќе граѓани ги напуштаат шалтерите, а…

Г7: Ќе преземеме мерки против оние кои…

Министрите за финансии на Г7 денеска објавија…

Српскиот премиер Мацут, утре ќе се сретне…

Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, утре…

Ацевски: Мега-паркот во Ново Село е направен…

Како депонијата во Ново Село, голема колку…