Ацевски: Мега-паркот во Ново Село е направен врз контаминирана почва, сите дрвја се исушени!
Како депонијата во Ново Село, голема колку 11 фудбалски игралишта, е исчистена со депонирање на само 160 метри кубни отпад депонирани во јавното претпријатие „Дрисла“, прашува кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски во гостување во „Студио 10“ на ТВ24.
– „Во однос на депонијата во Ново Село нека објасни градоначалникот како ја исчистија депонијата голема колку 11 фудбалски игралишта со само 160 метри кубни отпад депонирани во Дрисла. Каде е отпадот? Каков е тој мега-парк врз депонија? Дали градоначалникот бил во тој мега-парк? Дрвјата се исушени поради контаминираната почва, дали има употребна дозвола тој мега-парк, дали има елаборат, дали има технички прием?“ – прашува Ацевски.
Ацевски побара актуелниот градоначалник, Александар Стојкоски, да покаже документи за количината на отпад исчистен од депонијата во Ново Село и истакна дека ќе се повлече од трката за градоначалник доколку се приложи доказ дека од депонијата се исчистени повеќе од 160 метри кубни отпад.
– „Докажете дека е исчистено повеќе, извадете белешки. Јас ќе се повлечам од градоначалничката трка доколку докажете дека се исчистени повеќе од 160 метри кубни отпад од депонијата во Ново Село“, вели Ацевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…