Османи: Го алармиравме НАТО за дојавите за бомби!

t

Дојавите за бомби во земјава се дел од хибридните закани кои се случуваат и во другите земји во регионов и се доволна причина за алармирање на НАТО, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Дојави за поставени бомби денеска стигнаа до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Меѓународниот аеродром „Скопје“, Трговскиот центар „Ист гејт мол“, хотелот „Мериот“, спортската сала „Борис Трајковски“, Националната арена „Тодор Проески“, 15 училишта од кои 10 во Скопје и пет во Битола, како и до хотелот „Александар палас“ во Скопје каде што во 10 часот требаше да започне годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија, на која беше предвидено да се појави и премиерот Димитар Ковачевски кој требаше да има воведно обраќање.

Османи во изјава за ТВ21 изјави дека веќе ги информирале структурите на НАТО за континуираните дојави за поставени бомби во земјава.

– Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи и која може да биде причината, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Украина не може без помош од…

Украина нема да може да се справи…

Орбан: НАТО ќе мора да разговара со…

НАТО ќе мора да постигне договор со…

Германија ќе го поддржи членството на Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…