Објавено на:

Германија ќе го поддржи членството на Украина во НАТО, вели Зеленски

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ставот на Германија се променил и дека земјата сега го поддржува членството на Украина во НАТО.

Пред состанокот со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Киев, Зеленски објасни дека за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО и Украина минатата недела во Брисел, германската страна изјавила дека верува оти Украина треба да биде во Алијансата и дека тоа е „во интерес на безбедноста на цела Европа“, пренесува Укринформ.

„Многу важен момент, покрај иднината во Европската Унија. Денес би сакал лично да ви се заблагодарам за сигналот што не е слушнат од германска страна многу долго време, или можеби дури и никогаш“, рече Зеленски.

Тој истакна дека е „многу задоволен од соодветните сигнали за поддршка“.

Порано денес, Зеленски објави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Европската Унија за дополнително финансирање за производство на беспилотни летала и заедничко производство.

Зеленски претходно изјави дека четири земји – САД, Германија, Унгарија и Словачка – се противат на членството на Украина во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…

Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…

Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…

Германската крајна десница АфД убедливо победи во…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…

Германија воведува „сајбер-купола“ и ја зајакнува одбраната…

Германија планира да воведе обемен пакет мерки…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…