Османи: Го превртуваме секој камен за земјава да стане дел од ЕУ
Со секој поминат ден, се повеќе граѓани се придржуваат на тие што знаат дека се обидуваме да не оставиме непревртен камен за оваа земја да стане дел од ЕУ. Тоа е едната траекторијата која што е клучна и секој нареден ден не е изгубен, туку ден повеќе за да граѓаните ги убедиме. За жал лани не ги убедивме доволно затоа што таков беше процесот – тежок и комплексен и сензитивен и бара време за да се сфатат ефекти од секоја наша одлука, рече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи околу целиот процес на интеграција на земјава кон членството во ЕУ и потребата од уставните измени.
Министерот додаде дека политичарите разбираат што се случува, дека ова не е само дел од флоскулата „ова е историски моментум“.
-Ова се навистина ретки времиња по однос на можностите за евроинтеграција. Се надеваме дека ќе сфатат дека ги земаат на душа идните генерации и државата ја држат во залозништво поради некакви партиско-политички интереси. Историјата ќе ги суди сите тие што оваа шанса ќе ја прокоцкаат за еден повеќе пратенички мандат или интереес на партијата, истакна шефот на дипломатијата пред медиумите, на прес-конференцијата со австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…