Османи демантира дека се сретнал со Груевски во Будимпешта

t

По прозивката од поранешниот член на „огнените“, а сега лидер на новоформираната партија – Демократско движење, Изет Меџити, министерот за надворешни работи Бујар Османи демантира дека се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Меџити вчера преку Фејсбук упати јавно прашање до Османи дали бил во службена или приватна посетата во Будимпешта кога се сретна со Груевски.

Османи на Фејсбук одговори: „Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“

И  поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев ги демантираше наводите дека имал тајни средби со Груевски во врска со измените на Кривичниот законик.

Демант за средби со македонски политичари најпрво стигна од Никола Груевски кој на Фејсбук истакна дека немал никакви средби со било кој македонски политичар, а нагласи и дека нема никаков контакт или влијание кај моменталното раководство на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…