Османи: Македонија не смее да го пропушти возот за ЕУ

t

Министерот за надворешни работи на Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи учествуваше на дебата, организирана од страна на Институтот БИРС, што се одржа со студентите на Државниот универзитет во Тетово (УТ), на тема „Дали го пропуштаме возот за ЕУ?”.

Османи вели дека е оптимист оти уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината и дека земјата ќе остане на патот за забрзана интеграција во Европската унија, изразувајќи уверување дека процесот треба да се заснова на меритократија, но со достатно разбирање за актуелниот геополитички момент.

„Членка на ЕУ станувате кога ќе ги исполните условите, но во одредени геополитички моменти. Ако сте ги исполниле условите, но не е вистинскиот геополитички момент, тогаш вратата е затворена. Железната врата на ЕУ сега се отвора поради руската агресија во Украина. Ќе влезат земјите што се подготвени”, потенцира Османи во обраќањето пред студентите.

Министерот Османи изјави дека секоја земја од регионот имала свои предизвици на патот кон членството во ЕУ, а уставните измени се наша домашна задача што сме ја презеле со Преговарачката рамка меѓу нашата држава и ЕУ.

Османи истакна дека уставните амандмани се од суштинско значење за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, но и избегнување на вклучувањето на идентитетски и историски прашања во текот на овој процес, заклучувајќи дека прекинувањето на нашите евроинтеграции е историска грешка која не смееме да си ја дозволиме во овој миг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…