Османи: Нашиот дипломат Мачеј Качоровски е херојот на евакуацијата на македонските државјани од Израел

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, му се заблагодари на Мачеј Качоровски, наш дипломат во Тел Авив за кој Османи вели дека е херојот на евакуацијата на македонските државјани од Израел.

– Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел.

Тој одигра клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Македонија.

Признание и за активностите на Кризниот штаб во МНР и нашата дипломатско-конзуларна мрежа кои придонесоа за успешна финализација на евакуацијата.

Благодарност за нивниот континуиран ангажман и посветена работа за интересот и безбедноста на нашите граѓани во отежнати и воени услови, напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Трамп: Да бев претседател, немаше да има…

Она на што сме сведоци во Израел…