Османи: На Русија и одговара да ги држи живи конфликтите на Балканот

t

Руската Федерација е еден од факторите на кои им е од интерес да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание. Па така и последната ескалација меѓу Бугарија и Македонија ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт, истакнува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во интервју за Радио Слободна Европа Османи прашан дали смета дека руската разузнавачка служба ги „поткопува“ македонско-бугарските односи вели дека нема такви директни информации.

-Јас немам такви директни информации, меѓутоа дека има интерес на трети фактори да се одржат живи конфликтите во овој регион, некогаш и замрзнати, со цел полесно да може да се манифестира влијание во нашиот регион, тоа е веќе позната работа од поодамна и тоа влијание сме го виделе во различен интензитет, во различни периоди на односите, не само меѓу Бугарија и Македонија, туку воопшто на Западен Балкан, така што сигурно последната ескалација ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт. Дали е тоа во наш интерес? Јас не се согласувам, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крстевски: Со месеци трпиме опструкции, за…

Се соочуваме со опструкции од сите страни,…

(Видео) Тепачка во Советот на Општина Кочани!

Советници во Советот на Општина Кочани денеска…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…