Османи на средба со Борел во Брисел: Забрзување на процесот за пристапување во ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Во фокусот на разговорите беа актуелностите поврзани со европското досие, процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.
Османи го акцентираше успешното завршување на скринингот, како и потребата од забрзување на процесот на пристапување кон ЕУ што служи како силен мотиватор и движечка сила за реформи. Воедно, се осврна и на целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласувајќи ја и потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки, што всушност претставува наш заеднички интерес.
“Полноправното членство на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива. Она што сега ни треба, е регионот да биде подготвен за членство, додека Унијата за проширувањето, односно да го задржиме кредибилитетот на процесот преку поголема интеграција пред членството”, истакна Османи.
Соговорниците се осврнаа и на ЕУ интеграциите во поширок регионален контекст, а разговараа и за соработката и справувањето со последиците од руската воена агресија во Украина, ситуацијата во Газа и Блискиот Исток и други актуелни прашања од надворешно политичка и безбедносна природа.
Во Брисел, Министерот Османи имаше прилика да се сретне и со специјалниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…