Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ

Доколку се има политичка волја, има доволна основа да се постигне договор. Ние имаме волја, спремни сме веднаш да продолжиме со разговорите, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференцијата во Скопје со хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман.
„Чекаме друга страна да имаме волја за да продолжиме со тие разговори. Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ, за тоа каква порака ќе прати на граѓаните на Западен Балкан. Од нас не се очекува да донесеме одлука. Сметам дека има доволно денови и основа доколку се има политичка волја“, кажа Османи.
Тој напомена дека граѓаните на Бугарија не сакаат да бидат кочничари на европската иднина на 18 милиони луѓе.
„Очите на 18 милиони луѓе се вперени во Софија каква одлука ќе донесе за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ“, кажа Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…