Османи од полско-украинската граница: Треба да направиме повеќе за да го запреме ова лудило

t

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со хомолозите од Полска, Збигњев Рау и од Шведска, Ан Линде, денес на полско-украинската граница остварија средба со нивниот колега од Украина, Дмитро Кулеба.

На средбата со Кулеба, беа дискутирани потребите на украинската страна за одбрана на својата земја, и помошта што меѓународната заедница треба да ја обезбеди на Украина за справување со последиците од војната.

Треба да направиме повеќе, не само за справување со последиците, туку и да го запреме ова лудило. Херојскиот отпор на украинскиот народ е за највисоко восхитување: додека ја бранат својата татковина, тие ги бранат и нашите заеднички вредности, нашите принципи, нашиот начин на живот, и наша должност е да им помогнеме на секој можен начин, истакна Османи на прес конференцијата после средбата со Кулеба.

Министрите го посетија и прифатниот центар за бегалци Млини во близина на граничниот премин Корчова, на полско-украинската граница. Како резултат на руската воена агресија, милиони граѓани на Украина беа принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште пред се во соседните земји.

Сликите од кампови и бранови на беглаци се длабоко вознемирувачки, особено за нашиот регион каде се уште се свежи сеќавањата од војните во 90-тите година.“ нагласи Османи.

Министрите уште еднаш ја осудија неоправданата и неиспровоцираната руска воена инвазија врз една независна држава, спротивно на меѓународното право и основните документи на ОБСЕ. Воедно, укажаа и на неопходноста од почитување на меѓународното хуманитарно право и фундаменталните човекови права од страна на Руската Федерација.

Посетата на тројцата министри е дополнително уверување дека Украина ќе биде во фокусот на делувањето на ОБСЕ, и во таа насока ќе се искористат сите механизми на Организацијата за постигнување на мир, безбедност и трајна стабилност во земјата но и во целиот ОБСЕ регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на грчките земјоделци на границата со…

Симболичен и мирен протест, без да биде…

Поради нерасчистен снег на македонска страна, товарни…

Неисчистен снег на македонската страна од граничниот…

Советот на Европа ја критикува Финска за…

Финска го затвори својот последен премин со…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

(Видео) На границата помеѓу САД и Канада…

На границата помеѓу САД (Државата Њу Јорк)…