Поради нерасчистен снег на македонска страна, товарни возила во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир

t

Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот од кога била формирана колона долга повеќе километри.

„Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да преспиваат во возилата, по минати над илјада километри од Романија. Снегот е расчистен од патот и на бугарската страна, ама на вагата на Деве Баир се создава проблемот. Има километарска колона од другата страна на границата, превозници од Турција, Албанија, македонски превозници, кои реагираат што и денес, од утринава едвај се имаат придвижено кон терминалот. Моите камиони, како и бројни други, ги враќавме кон Ќустендил викендов и денес уште не поминаа, а како што ме информираат возачите, со оваа динамика на минување може ниту до полноќ нема да преминат, изјави Роберт Младеновски од Крива Паланка, сопственик на компанија превозник.

И дел од возачите кои контактираа со МИА се жалат дека иако не станува збор за обилни снежни врнежи, повторно како и години наназад, се соочуваат со истиот проблем.

„Повеќе време минав во чекање, отколку возење од Романија до тука. Од 8 часот утрово колоната се движи минимално, а не верувам дека до крај на денот ќе влеземе во нашата држава. Јас сум од Крива Паланка, па ќе отидам дома, но тука има колеги од Турција, Албанија, кои ги чекаат десетина часа возење и непотребно губат време овде“, вели превозник со долгогодишно искуство во областа на транспорт со тешки товарни возила.

Ниските температури во текот на ноќта кои достигнуваат и 7- 8 степени под нулата го оневозможуваат дејството на солот кој е фрлен заедно со абразивен материјал од страна на службите на ЈП Комуналец, Крива Паланка, информираа од претпријатието задолжено за зимско одржување. Оттаму велат дека и утре повторно ќе се расчистува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Трупа снег на Копаоник

На Копаоник се измерени три сантиметри снег,…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

Ништо од пролетта: Очекувајте снег на повисоките…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…