Османи: Опасно е да имаш сосед како Србија
Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека „опасно е да се има сосед како Србија“, но дека НАТО и „нашите сили“ ќе ги „спречат сценаријата“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Османи во интервју за хрватски „Вечерњи лист“ истакна дека е многу горда на односите на Косово со Хрватска.
Зборувајќи за ситуацијата на Косово, разговорите со Србија и „провокациите на Вучиќ“ и зошто се противи на создавање Заедница на општини со српско мнозинство, таа рече дека Србија тврди дека според предлогот што е во оптек, таа заедница би имала извршни овластувања.
Освен тоа, Османи отфрли секаква помисла за „поделба на државата“.
„Ситуацијата во Косово е крајно напната, преговорите некако се заглавени, нема динамика. Но, неодамна пристигнаа Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар кои најавија нова рунда разговори“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…