Османи: Подготвени сме за брзи и интензивни преговори со ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук објави дека Македонија е подготвена за брзи и интензивни преговори со ЕУ, посочувајќи дека нашата држава вече има голем процент на усогласеност на законодавството со европското.
– Подготвени сме за брзи и интензивни преговори, особено со оглед дека државата веќе има висока усогласеност со законодавството на ЕУ и 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Османи истакна дека Македонија е доверлив партнер на ЕУ во ова предизвикувачко геополитичко време и подеднакво важно е ЕУ конкретно да ги вклучи земјите од Западен Балкан во механизмите и мерките за надминување на последиците од војната во Украина, особено во поглед на енергетската стабилност на европскиот континент.
-Претставниците на земјите членки на ЕУ во Работната група на Советот на ЕУ надлежна за процесот на проширување и односите со земјите кои преговараат за членство – КОЕЛА (COELA) се во прва посета на државата, по одлуката на Советот на ЕУ досиејата на Македонија и Албанија да преминат во Работната група КОЕЛА, надлежна за земјите кои се во преговарачки процес со ЕУ, заедно со Црна Гора и Србија, објави Османи на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…