Османи: Подготвени сме за брзи и интензивни преговори со ЕУ

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук објави дека Македонија е подготвена за брзи и интензивни преговори со ЕУ, посочувајќи дека нашата држава вече има голем процент на усогласеност на законодавството со европското.

– Подготвени сме за брзи и интензивни преговори, особено со оглед дека државата веќе има висока усогласеност со законодавството на ЕУ и 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Османи истакна дека Македонија е доверлив партнер на ЕУ во ова предизвикувачко геополитичко време и подеднакво важно е ЕУ конкретно да ги вклучи земјите од Западен Балкан во механизмите и мерките за надминување на последиците од војната во Украина, особено во поглед на енергетската стабилност на европскиот континент.

-Претставниците на земјите членки на ЕУ во Работната група на Советот на ЕУ надлежна за процесот на проширување и односите со земјите кои преговараат за членство – КОЕЛА (COELA) се во прва посета на државата, по одлуката на Советот на ЕУ досиејата на Македонија и Албанија да преминат во Работната група КОЕЛА, надлежна за земјите кои се во преговарачки процес со ЕУ, заедно со Црна Гора и Србија, објави Османи на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…