Османи разговараше со чешкиот колега: Чешка е спремна за брз старт на преговорите ако се прифати францускиот предлог

t

Поддршката за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграцијата беше изразена денеска во телефонскиот разговор, што министерот за надворешни работи Бујар Османи го оствари со неговиот чешки колега Јан Липавски.

Османи, како што соопшти МНР, го уверил соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Македонија.

Соговорниците размениле мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.

Липавски ја потенцирал подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Македонија ќе го одобри европскиот предлог.

„Двајцата соговорници ги повторија клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик, изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш“, нагласи МНР во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Чешка до крајот на годината ќе ѝ…

Чешкиот претседател Петр Павел ја најави претстојна…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…