Османи разговараше со чешкиот колега: Чешка е спремна за брз старт на преговорите ако се прифати францускиот предлог
Поддршката за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграцијата беше изразена денеска во телефонскиот разговор, што министерот за надворешни работи Бујар Османи го оствари со неговиот чешки колега Јан Липавски.
Османи, како што соопшти МНР, го уверил соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Македонија.
Соговорниците размениле мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.
Липавски ја потенцирал подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Македонија ќе го одобри европскиот предлог.
„Двајцата соговорници ги повторија клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик, изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш“, нагласи МНР во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Чешкиот премиер обвинува: Европа е немоќна и…
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денес ја обвини…