Османи: САД никогаш нема да најдат полојален сојузник од Косово

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го прими Џеф Ховенијер, новиот американски амбасадор во Приштина, и порача дека САД никогаш нема да најдат попосветен и полојален сојузник од Косово.
„Во еден многу важен момент за двете наши земји, како индивидуално така и на билатерален план, задоволство е денеска во Приштина да ја пречекаме личноста како амбасадорот Ховенијер, кој е многу близок со Република Косово бидејќи претходно служел овде и ја разбира динамиката во нашата земја многу добро“, рече Османи, пренесува Косово онлајн.

Таа изјави дека Косово се променило во однос на она што го памети американскиот амбасадор, бидејќи, според неа, отишло напред.

„Но, една работа остана константна сето ова време. Тоа е нашиот однос, партнерство и пријателство со САД“, рече Османи.
Хавениер беше дел од персоналот на специјалниот пратеник на ОН за Косово. На сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот во октомври минатата година, тој рече дека доколку биде потврден како амбасадор, ќе и даде приоритет на континуираната поддршка на САД и ќе ја охрабри Приштина да биде конструктивна и флексибилна во разговорите за нормализирање на односите со Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…