Османи се сретна со турскиот министер за одбрана: Непоколеблива поддршка за Косово од Турција

t

Косовската претседателка Вјоса Османи разговараше со турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, кому му се заблагодари за континуираната поддршка за Косово.
„На средбата се разговараше и за соработката во областа на одбраната, со посебен акцент на обуката на косовските безбедносни сили и размената со цел стекнување нови искуства и подобрување на односите“, беше наведено на Фејсбук страницата на Претседателството на Косово.

Ѓулер денеска се сретна и со премиерот на Косово, Албин Курти.

Како што се додава, турскиот министер ја потврдил својата непоколеблива поддршка за Косово.

„Министерот изрази благодарност до Косово, особено за солидарноста и помошта дадена за Турција по разорниот земјотрес. На средбата претседателот Османи зборуваше и за актуелната безбедносна состојба на Косово, како и за нападот што се случи на 24 септември во Косово и во тој случај истакна дека гаранцијата и заштитата на безбедноста се приоритет. Потврдена е подготвеноста и важноста за соработка со сојузниците во оваа насока“, се наведува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…