Османи смирува: Мапирани се и контактирани сите македонски државјани во Украина

t

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се поприсутна. Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано.

Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи во однос на состојбата во Украина.

Османи нагласи дека 12 луѓе веќе ја информирале амбасада дека се вратиле во државата, како и дека минатата недела пуштиле апел да се користат се уште присутните комерцијални летови за да може да се вратат во Скопје.

Според Османи, останува отворено прашањето за нашите 30 набљудувачи во рамки на мисијата на ОБСЕ.

Останува прашањето на 30-те наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација.

Нашата позиција е малкуи поспецифична, затоа што ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг механизмите на ОБС, меѓутоа сме во комуникација со нашите луѓе во мисијата и сум во комуникација со генералниот секретар на ОБСЕ. Се слушнав во петокот со госпоѓа Шмит, а очекувам денеска повтонро да да имаме разговор, како и со Полска и на Шведска, изјави Османи.

Тој нагласи дека се во координација за формирање на Мисија за утврдување на факти во рамки на тојката претседавачи, а по повикот на украинскиот МНР.

Ние сме во координација кој би бил мандатот на таа мисија, на кое ниво би се отишло таму, дали на министерско, дипломатско или воено-експертско ниво. Сите тие координации ги правиме заедно со партнерите во рамки на тројката претседавачи, изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…

Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…

(Видео) Нов украински напад на руска територија,…

Нападот со беспилотни летала изведен во текот…