Османи со коментар откако Македонија се најде на руската листа на непријателски држави
Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека не е официјално се информирани за руската листа на непријателски држави во кои стои името на нашата земја.
Нашата позиција во контекст на оваа агресија е јасно искажана и ние ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ – кажа Османи.
Владата на Руската федерација ја одобри листата на странски земји и територии кои преземаат непријателски дејствија кон Русија, на листата се наоѓа и Македонија.
Владата одобри список на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана – соопшти прес-службата на Кабинетот на министри.
На списокот се Австралија, Андора, Албанија, Велика Британија, земји-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Македонија, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија.
Земјите споменати на оваа листа наметнаа санкции или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот руската инвазија на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…